Брука: Кабинетот на Сиљановска ја помеша претседателката на ЕБОР со директорката за родова и економска инклузија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на маргините на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин се сретнала со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, но од нејзиниот кабинет испратија соопштение до медиумите во кое информираа дека се сретнала со Барбара Рамбусек, директорка за родова и економска инклузија во ЕБОР.
Откако од кабинетот на Сиљановска-Давкова ја увиделе грешката, еден час подоцна, во 13:25 часот, на нејзините официјални профили на социјалните мрежи Фејсбук и Икс, беше објавено дека претседателката се сретнала со претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…
Со 4 милиони евра од ЕБОР Стопанска…
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)…
Претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо во посета…
Претседателката на Европска банка за обнова и…