Бугарите најавуваат: Ќе доаѓаат и на 4 мај и на Илинден
Бугарите најавуваат дека ќе доаѓаат на заеднички прослави на важни датуми како на пример Илинден, смртта на Гоце Делчев и слично.
– Главни датуми за заеднички прослави меѓу Бугарите и Македонците:
5 главни датуми во текот на годината (засега):
– 4 февруари – Годишнина од раѓањето на Гоце Делчев
– 4 мај – годишнина од смртта на Гоце Делчев
– 24 Мај – денот на Св. Х. Е. С. Кирил и Методиј и бугарската писменост
– 14 јули – Битка на ножот
– 2 Август – Илинден – Ден на Илинденското востание во Македонија
Заеднички прослави се поставени и на Св. Климент Охридски и на Св. Наум Преславски, кои постепено ќе се воспостават како традиција за заеднички прослави, пишува Виктор Стојанов на Фејсбук.
Бугарските провокации, како оваа, се константни и предизвикуваат гнев кај македонскиот народ.
Одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев утре е настан од висок безбедносен ризик и министерот Оливер Спасовски неколку пати апелираше граѓаните да останат смирени и достоинствени и нагласи дека полицијата нема да дозволи никој да го омаловажува македонскиот народ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено…
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од…
ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ: Ако го…
ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ, ВЕ МОЛАМ…
Да помогнеме за лекување на 19-годишниот Виктор…
На 19-годишниот Виктор Боневски од Скопје му…