Објавено на:

Бугарите утре одат на избори: Тешко дека некој ќе направи влада

t

Во Бугарија денеска е на сила ден на изборен молк, затоа што утре се одржуваат петтите вонредни избори за помалку од две години.

На денот на изборниот молк и на самиот ден на гласање не е дозволена никаква форма на политичка и изборна пропаганда, а локалните власти имаат право да забранат продажба на алкохол на територијата на нивните општини, јави Радио Бугарија.

Согласно Изборниот закон, 24 часа пред изборите и на денот на изборите, апсолутно е забрането да се објавуваат резултати од социолошки истражувања кои на кој било начин би ја откриле распределбата на политичките сили, за да можат граѓаните на мир да одлучат на која од 15. регистрирани партии и седум коалиции ќе и го дадат својот глас.

Дополнително значење на изборниот молк му дава и фактот што околу седум до 14 отсто од гласачите во последен момент одлучуваат на кого ќе му го дадат својот глас. Според социолозите, процентот на такви гласачи е доволно голем за да се променат резултатите од прелиминарните испитувања на јавното мислење.

Во комбинација со очекуваниот низок одѕив од околу 40 отсто и речиси еднаквата поддршка за првите две партии, одлуките на бугарските гласачи во последен момент би можеле значително да го свртат тегот на вагата, а победникот на изборите најверојатно ќе биде решен во последен момент.

Гласачите се надеваат дека новоизбраниот парламент ќе формира стабилна влада која ќе почне да ги решава наталожените проблеми во земјата, инфлацијата, безбедноста, реформите во важните сектори како правосудството, здравството итн., јавува бугарското радио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…

Двајца од повредените во пожарот во кочанската…

Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…

Нема значителна промена во општата состојба на…

Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…

Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…

Таравари од Бугарија: Двајца пациенти се екстубирани…

Двајца од жртвите во пожарот во Кочани,…

Пациентите од Кочани пренесени во Бугарија се…

Тешка е состојбата на настраданите од трагичната…