Бугарите ќе протестираат и за поддршка на рускиот опозиционер Алексеј Навални

t

Протести во Софија, Варна и Бургас во Бугарија денеска организира здружението „За слободна Русија“ како дел од глобална иницијатива. Акцијата е за поддршка на Алексеј Навални и сите политички затвореници во Русија, како и за солидарност со Украина.
Протестите се организирани како дел од глобалната акција на мрежа на Руси ширум светот кои се против војната и за демократијата во Русија. Настаните ја одбележуваат годишнината од апсењето на рускиот опозиционер Навални на 7 јануари 2021 година.

Навални беше уапсен во јануари 2021 година при враќањето од Германија, каде што се опоравуваше од нападот со отров што за малку ќе го убиеше, за што го обвинува Кремљ. Од затвор основа меѓународна антикорупциска организација, една година откако Руската антикорупциска фондација (ФБЦ) беше прогласена за екстремистичка организација од руските власти. На крајот на минатата година се дозна дека Навални се соочува со сериозни нови обвиненија по неговата прва казна од 9 години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…

Двајца од повредените во пожарот во кочанската…

Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…

Нема значителна промена во општата состојба на…

Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…

Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…

Таравари од Бугарија: Двајца пациенти се екстубирани…

Двајца од жртвите во пожарот во Кочани,…

Пациентите од Кочани пренесени во Бугарија се…

Тешка е состојбата на настраданите од трагичната…