Бугарија бара истрага за Томас Вајц
Бугарските европратеници бараат истрага за известувачот за Македонија во Европарламентот, Томас Вајц.
Обвинија дека бил едностран во нацрт-Извештајот.
Расправата за Извештајот беше одложена за 24-ти месецов, а премиерот Христијан Мицкоски е уверен дека текстот на Вајц ќе биде усвоен.
„Не од вчера комесарката за проширување, г-ѓа Кос, се обидува по некаков начин да ги заобиколи веќе усвоените европски политики во однос на присоединувањето на Република Северна Македонија“, вели Илијана Јотова.
Шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев пак, ги оцени како лага тезите на бугарската опозиција дека официјална Софија ќе ја пушти Македонија на патот кон ЕУ во замена за зелено светло од Брисел за прием на еврото како валута во Бугарија.
„Ова не само што е шпекулација, туку е и груба и тешка лага.“, вели Георг Георгиев.
Како што последно изјави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски засега се уште нема одговор од бугарска страна дали на Самитот на НАТО во Хаг ќе остварат средба претседателката Гордана Сиљановска Давкова и нејзиниот колега Румен Радев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…
Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…
УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…
Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…
Македонските и бугарските историчари повторно не се…
Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…
Ангел Димитров: Нема напредок во работата на…
Денес во Министерството за надворешни работи на…