Бугарија будно следи: Засега немало да се реагира за говор на омраза
Софија ги регистрира критиките во македонската јавност на бугарска адреса, но засега нема да реагира за говор на омраза.
Експертот од бугарското МНР, Жељазко Радуков, оцени дека по објавувањето на Протоколот меѓу двете земји и препораките на историчарите, во јавната дебата во Македонија се користат многу аргументи и псевдо-аргументи.
Според него, дебатата се одвива меѓу две сили кои се позиционираат во општеството – оние кои се за членство во Унијата и сакаат добрососедски односи и оние кои се против ЕУ и европските вредности.
-Коментарите кои беа упатени по објавувањето на Протоколот и препораките на Историската комисија се од лица кои не се во раководството на Република Северна Македонија и се насочени во внатрешно-политички контекст. Ние внимателно го следиме ова прашање и ќе решиме дали и кога ќе реагираме, но не и во оваа етапа – рече Радуков.
Тој истакна дека со Протоколот потпишан минатиот месец меѓу Бујар Османи и Теодора Генчовска започнал процес на враќање на довербата. Радуков очекува овој процес да биде бавен, но вели дека првите чекори се охрабрувачки и двете земји засега ги исполнуваат преземените обврски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…
МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…
Република Северна Македонија е силно посветена на…
(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…
Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…