Бугарија ги известила партнерите за „провокациите од Македонија“

t

„Во врска со последователните навредливи квалификации кон Бугарија и бугарскиот народ од страна на функционери од Република Македонија, категорично одбиваме да се вклучиме во таков неевропски и неспоив тон“. Ова го наведуваат во став од бугарското МНР и додаваат дека „нивните европски партнери се известени за неиспровоцираните провокации, кои имаат за цел, меѓу другото, да го уништат дијалогот“.

-Уште еднаш потсетуваме на клучното значење на развојот на добрососедските односи за европската иднина на Република Македонија, посочуваат од бугарското Министерство за надворешни работи.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова минатата недела ја посети Бугарија и се сретна со шефот на државата на нашиот источен сосед, Румен Радев. Сиљановска ја посети официјална Софија по повод гостувањето на Националната опера и балет, која во Софија ја претстави операта „Набуко“ од Џузепе Верди.

-Македонија е подготвена да гради добрососедски односи, но кога ќе се преминат црвените линии, на бугарскиот амбасадор ќе му биде врачен демарш“, рече премиерот Христијан Мицкоски пред неколку дена како одговор на прашање поврзано со отсуството на државното македонско знаме на фотографијата на претседателката и нејзиниот бугарски колега Румен Радев на нивната средба во петокот во Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…