Бугарија добива Влада: Радев му го додели мандатот на Жељазков, тој го достави нацрт-составот на владата
Бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи првиот мандат за формирање влада на Росен Жељазков – кандидатот за премиер, именуван од ГЕРБ-СДС, најголемата пратеничка група во 51-то Народно собрание.
„Господине Жељазков, вие добро знаете дека со прифаќањето на овој мандат преземате и голема одговорност. Бугарите предолго чекаа излез од политичката криза и редовна влада. Затоа и дадов повеќе време на вашата партија и вашите потенцијални партнери да ги разгледаат можните опции и да изнајдат работна формула. Но треба да е јасно, дека владата не е доволно само да е редовна. Треба да биде компетентна, оперативна и пред се целосно да биде подредена на јавниот интерес“, рече Радев.
По прифаќањето на мандатот, Жељазков изјави:
„Нашата пратеничка група и партнерите со кои имавме тешки, но одговорни консултации, го ценат времето што ни го дадовте. Времето коешто не беше ниту изгубено ниту неценето. Водејќи јасно сметка за тоа, дека одејќи од избори на избори од кои не произлегува власт што ќе управува со државата, ништо добро не се случи во последните години. Затоа нашите консултации беа насочени кон барање поширок договор. Во текот на овие два месеца вложивме големи напори да ги постигнеме потребните компромиси за управување со земјата“.
Гуцанов (БСП – Обединета левица), Министерот за одбрана – ген. Атанас Запријанов, Министер за надворешни работи – Георг Георгиев (ГЕРБ-СДС), Министер за правда – Георги Георгиев (ГЕРБ-СДС), Министер за образование и наука – Красимир Валчев (ГЕРБ-СДС), Министер за здравство – Силви Кирилов (ИТН), Министер за култура – Маријан Бачев (ИТН), Министер за животна средина и вода – Манол Генов (БСП – Обединета левица), Министер за земјоделство и храна – Георги Тахов (БСП – Обединета левица), Министер за економија и индустрија – Петар Дилов (ИТН), Министер за енергетика – Жечо Станков (ГЕРБ-СДС), Министер за е-влада – Валентин Мундров, Министер за туризам – Мирослав Боршос (ГЕРБ-СДС) и Министер за млади и спорт – Иван Пешев (БСП – Обединета левица).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија добива Влада: Радев му го додели…
Бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи…
Искасани од кучиња скитници вчера во Гази…
Три лица од Скопје вчера пријавиле напади…
Шок и неверување во РК Тинекс Пролет:…
Нестварно делување тажната вест која проструи утрово…
Муцунски: Нема сила што може да ме…
Македонија е во постојан дијалог со институциите…
Николовски: Оваа Влада комплетно ги закочи евроинтеграциите…
Екс министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство…