Бугарија е за воведување на еврото, но земјата е политички неподготвена
Претседателот на Комисијата за буџет во бугарскиот Парламент, Љубомир Каримански за БНТ изјави дека Бугарија е оперативно и технички подготвена за воведување на еврото, но дека е неподготвена на политичко ниво, бидејќи нема стратешки план за еврото.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Каримански ја посочи стратегијата на Хрватска за воведување на еврото, која беше развиена во април 2018 година и додаде дека Бугарија имала почетоци за вакви планови и во 2017. и 2018 година, но за време на пандемијата вниманието било отргнато.
Каримански рече дека силно го поддржува воведувањето на еврото во Бугарија, но дека претходно е потребна широка јавна кампања за придобивките и дали има ризици.
Според него доколку се одржи референдум за еврото ќе се изгуби време. „Општеството во Бугарија треба да биде спокојно за плусовите и минусите од воведувањето на еврото“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…
Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…
УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…
Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…
Македонските и бугарските историчари повторно не се…
Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…
Ангел Димитров: Нема напредок во работата на…
Денес во Министерството за надворешни работи на…
Бугарскиот МНР се слушнал со Муцунски: Бугарија…
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг…