Објавено на:

Бугарија забрани промоција на нетрадиционални сексуални ориентации во училиштата

t

Бугарија вчера забрани нехетеросексуални пораки во училиштата, по примерот на Унгарија, Полска и Словачка.

Според новиот закон, во предучилишните установи и училиштата се забранува секоја пропаганда или поттик поврзан со „нетрадиционална сексуална ориентација“ или родово самоопределување кое се разликува од полот при раѓање.

Слични ограничувања постојат во земјите-членки на ЕУ, Унгарија, Полска и Словачка.

Пратениците го одобрија предлог-законот со големо мнозинство, со 159 гласа „за“, 22 „против“ и 12 воздржани.

Амандманот, предложен од проруската крајнодесничарска партија Вазраждане во земјата, воведе и дефиниција за „нетрадиционална сексуална ориентација“ – што се објаснува како спротивно на правниот концепт на Бугарија за „емоционална, романтична, сексуална или сензуална привлечност меѓу лица од спротивен пол“.

Амандманот беше поддржан од претставници од различни политички групи, вклучително и централнодесничарскиот сојуз ГЕРБ-СДС, популистичката партија ИТН, Социјалистичката партија и делумно ДПС, која ги застапува интересите на турските и другите малцинства.

Либерално-конзервативната алијанса ПП-ДБ главно гласаше против амандманот.

Членови и поддржувачи на ЛГБТ+ заедницата синоќа протестираа против амандманот пред зградата на парламентот во Софија. Одбивањето да молчат тие го изразија со скандирање и истакнување плакати со пораки: „Не го повторувајте патот на Русија“, „Срам да ви е“ и „Престанете да ги бркате луѓето од Бугарија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија забрани промоција на нетрадиционални сексуални ориентации…

Бугарија вчера забрани нехетеросексуални пораки во училиштата,…

Македонската претседателката ги прими македонските претставници на…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во „Вила Билјана“…

Се укинува пролетниот распуст за учениците

Се укинува пролетниот распуст, кој што беше…

Приведен маж од тетовско, пронајдена голема количина…

Денеска (08.08.2024) во 07.30 часот во с.Мала…