Бугарија за половина година извезла оружје од над милијарда евра
Бугарија за пет месеци извезла оружје во вкупна вредност од 1.016.336.858 евра, пренесува БГНЕС.
Станува збор за периодот од 1 март до 1 август 2022 година. За наведениот период се издадени 289 дозволи за извоз и трансфер на производи поврзани со одбраната.
Крајните корисници на бугарската индустрија за оружје се: Австрија, Белгија, Данска, Естонија, Финска, Германија, Грција, Ирска, Шпанија, Италија, Полска, Литванија, Романија, Словачка, Словенија, Унгарија, Франција, Хрватска, Чешка, Велика Британија, Босна и Херцеговина, РС Македонија, Србија, Молдавија, Казахстан, Алжир, Бенин, Лесото, Тунис, Нигерија, Руанда, Уганда, Сомалија, Индонезија, Брегот на Слоновата Коска, SAID, Јужна Африка, Р, Кореја, ОАЕ, Индија, Нигерија , Турција, Саудиска Арабија, Нигер, Сенегал, Малезија, Египет, Бангладеш, Израел, Турција, Филипини, Мексико, Монголија, Тајван, Јордан, Оман.
На оваа листа недостасува Украина, која периодов се бранеше и водеше тешка војна со Русија.
БГНЕС потсетува дека одлуките за издавање дозволи за извоз, увоз и пренос на оружје ги носи Меѓуресорската комисија за контрола на извозот и неширење на оружје за масовно уништување до министерот за економија и индустрија. Во неговиот состав се претставници на Државната агенција за национална безбедност, Воено-разузнавачката служба, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи и Министерството за економија и индустрија.
За издавањето на дозволите, Меѓуресорската комисија ги имала предвид обезбедените сертификати за крајни корисници и меѓународните увозни сертификати издадени од надлежните државни органи на земјите на крајна употреба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…