Бугарија има залихи на гориво за месец и половина, се подготвува за санкциите против „Лукоил“
Бугарија има залихи на бензин за 35 дена, а дизел за повеќе од 50 дена, изјави денеска претседателот на бугарската Агенција за државни резерви и воени залихи, Асен Асенов.
– Во случај на кризна ситуација, горивото од резервите може да се дистрибуира без био-компоненти за да стигне побрзо на пазарот, додека цените ќе го следат пазарното ниво за да се избегнат шпекулации и шокови, додаде тој.
Американските и британските санкции против руската нафтена компанија „Лукоил“ треба да стапат во сила на 21 ноември, а Бугарија веќе усвои измени на законот кои овозможуваат поставување специјален управител за имотот на „Лукоил“ во земјата.
– Рафинеријата во Бургас, која е во сопственост на „Лукоил“, ќе продолжи со работа, но дури и ако го прекине работењето или го намали својот капацитет, постојат планови за непредвидени ситуации за да се осигура дека суровата нафта и натаму ќе може да се преработува во финални нафтени продукти, објасни Асенов.
Бугарија ја засилува безбедноста на копно, вода и во воздух, вклучително и со систем за заштита од дронови, во објектите на „Лукоил“ на својата територија, пред планираното преземање на постројките, соопшти претходно Владата на Бугарија.
Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) вчера влезе во канцелариите на компаниите на „Лукоил“ во земјата и во рафинеријата во Бургас и започна инспекции, пренесе Бугарското национално радио (БНР).
Бугарскиот Парламент во петокот усвои амандмани на Законот за административно регулирање на економските активности поврзани со нафтата и нафтените продукти, кои му даваат вонредни овластувања на идниот специјален управител на компанијата „Лукоил“ во таа земја. Врз основа на новите овластувања, управителот ќе може да спроведе продажба на рафинеријата во Бургас, а руски „Лукоил“, кој досега управуваше со рафинеријата, повеќе нема да има право на глас, ниту можност за жалба на одлуката за преземање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија има залихи на гориво за месец…
Бугарија има залихи на бензин за 35…
Георгиевски: Браво за Албанија! – Бугарија е…
*Фејсбук објава на Љубчо Георгиевски Автопатот Блаце-Приштина-Тирана…
Бугарија ги надмина Грција и Романија по…
Бугарија е лидер на Балканот по куповна…
Лукоил прогласи состојба на „виша сила“ во…
Руската нафтена компанија Лукоил прогласи состојба на…
Со воведувањето на еврото Бугарија ќе стане…
Со воведувањето на еврото, Бугарија ќе стане…