Објавено на:

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген

t

Од денеска се укинуваат контролите на патниците на копнените граници на Бугарија и Романија со земјите од Шенген зоната.

Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ одлуката за укинување на контролите ја донесе на 12 декември по што унгарски министер за внатрешни работи Шандор Пинтер рече дека тоа е „историски момент“.

Бугарија и Романија беа примени во Шенген зоната на 31 март минатата година, но при тоа беа укинати само контролите на внатрешните воздушни и водени гранични премини, додека и натаму останаа во сила проверките на лицата кои ги минуваа копнените граници меѓу двете земји и останатите Шенген држави.

Шенген зоната е најголемата област на слободно движење на стоки и патници во светот. Таа е воспоставена во 1985 година со укинување на граничните контроли меѓу Белгија, Германија, Луксембург, Франција и Холандија. Денес правилата за слободно движење во Шенген зоната важат во 29 земји – сите членки на ЕУ со исклучок на Ирска и Кипар, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија и таа се протега на територија на која живеат 420 милиони луѓе. Кипар официјално е дел од областа, но контролите на неговите внатрешни граници кон ЕУ се уште не се укинати, додека Ирска воопшто не е членка на Шенген зоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген

Од денеска се укинуваат контролите на патниците…

Претседателката Сиљановска-Давкова помилува 7 осуденици

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод новогодишните празници…

Зеленски: Ќе ја завршиме војната во 2025…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето новогодишно…

Украина ја прекина испораката на руски гас…

Рускиот енергетски гигант Гаспром соопшти дека извозот…

Почнува да се имплементира проектот „Безбеден град“…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна…