Бугарија одби да го регистрира македонскиот културен клуб Никола Вапцаров во Благоевград, бил спротивен на нивниот Устав
Агенцијата за регистрација одби да го регистрира „Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров“ во Благоевград како спротивен на Уставот, соопшти здружението, пренесе БТА. Според основниот закон, граѓанското здружение не може да се занимава со политичка активност.
Клубот ги поднесе документите за основање на 7 февруари. „На 10 февруари добивме отфрлено решение, што значи дека на нашето здружение му се ускратува легитимноста и е надвор од законот“, се вели во пораката од македонскиот клуб дистрибуирана до медиумите.
Ова одбивање ќе го обжалиме пред суд“, соопштија и од здружението, а соопштението го потпишал Атанас Мазнев.
„Сметаме дека ова одбивање е непринципиелно. Во одбивањето е цитиран единствен правен текст – од Уставот на Република Бугарија – чл. 12, ст. 2, дека здруженијата на граѓани не можат да поставуваат политички цели и да вршат политички активности, кои ние, како што може да се види од горенаведените цели, не само што сме ги запазиле, туку дополнително сме напишале експлицитно во статутот на нашето здружение дека немаме за цел вршење политичка дејност. Сепак, имаме одбивање да се пријавиме“, соопштија од клубот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И клубот на Даку разочаран од неговото…
Главна тема во регионот од вчера е…
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…
Земјотрес кај Благоевград
Земјотрес кај Благоевград. Земјотресот со јачина од…
(Видео) Тешка несреќа во ноќен клуб во…
Четири лица се тешко повредени, а три…
Земјотрес утрово го стресе Благоевград
Земјотрес со јачина од 3,7 степени е…