Објавено на:

Бугарија одобри испраќање на оклопни транспортери во Украина

t

Бугарските пратеници со 148 гласови „за“ и 52 „против“ изгласаа стотина оклопни транспортери БТР од советско производство да бидат испратени во Украина. Транспортерите биле набавени во 80-тите години од минатиот век и никогаш не биле користени.

Бугарија, поради историски силните врски со Русија, досега избегнуваше директно да и помогне на Украина.

– На Бугарија повеќе не ѝ е потребна оваа опрема, која може да биде вредна поддршка за Украина во нејзината борба за зачувување на нејзината независност и територијален интегритет против Русија, се наведува во владината одлука.

Социјалистите се спротивставија на владината одлука, како и проруска ултранационалистичка партија Ренесанса.

Бугарија, членка на ЕУ и НАТО, има големи резерви на советска опрема и оружје, а произведува и муниција.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на почетокот од месецот беше во Софија на разговори со бугарските власти за забрзување на испораката.

По посетата, бугарската Влада објави пакет помош без преседан, кој најверојатно ќе вклучува оружје и гранати, иако одби да даде детали поради длабоката поделеност во земјата околу руско-украинскиот конфликт.

Бугарските фабрики за оружје работат со полн капацитет од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Бугарската наменска индустрија бележи пораст на извозот, покажуваат податоците на Министерството за економија, а стоката поминува низ трети земји пред да стигне во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…