Бугарија ќе ги воведе криптовалутите како платежно средство?

t

Бугарскиот вицепремиер за фондови на ЕУ и министер за финансии, Асен Василев, вели дека земјата-членка на ЕУ разгледува опции за воведување механизам за крипто плаќање. Според петочниот извештај на Блумберг, Василев изјавил дека владата разговарала со Бугарската народна банка, како и со играчите во индустријата за да ги истражи крипто плаќањата „на краток до среден рок“.

Сепак, тој додаде дека Бугарија веројатно нема да стане главен центар за крипто-мајнингот – и покрај тоа што многумина, наводно, размислуваат да го напуштат Казахстан поради тоа што таму се случуваат политички превирања и прекини на интернетот.

Бугарската влада, инаку веројатно е една од земјите кои поседуваат најмногу биткоини (т.нр HODLers) во светот, по запленувањето на 213.519 Bitcoin (BTC) од подземна криминална мрежа во 2017 година – проценета на приближно 3,5 милијарди долари во тоа време, но со сегашна вредност од 8,2 милијарди долари во актуелниов момент. Нема информации дали бугарските власти потоа ја продале на аукција крипто валутата или и натаму ги чуваат дигиталните средства.

Како членка на Европската унија, Бугарија е една од само осумте земји што не го прифатија еврото и не мора да има корист од воведувањето на дигитално евро меѓу централните банки-учеснички. Во јуни 2021 година, владата и претставниците на Бугарската народна банка изјавија дека имаат намера да го усвојат еврото почнувајќи од 2024 година. Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард во март рече дека дигиталната валута можеби нема да биде воведена до 2025 година, па дури и подоцна.

Во 2021 година, федералниот суд во Соединетите Држави го прогласи сопственикот на бугарската крипто берза RG Coins, Росен Јосифов, за виновен за заговор за рекетирање и перење пари. Бугарскиот државјанин соработувал со други во шема која измамила околу 900 Американци за повеќе од 7 милиони долари. Тој е осуден на десет години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…

Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…

Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…

Двајца државјани на Македонија се приведени на…

Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…

Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…

Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…

Гаража или паркинг место за автомобил во…

Словенија испраќа војници во Бугарија со цел…

Словенечки војници ќе бидат испратени во Бугарија,…