Објавено на:

Бугарија ќе ја добие втората жена премиер во историјата

t

Бугарскиот премиер Румен Радев ја назначи Горица Гранчарова-Кожарева за кандидат за в.д. премиер на Бугарија, пренесе БГНЕС.

Ако Горица Гранчарова-Кожарева стане премиер, таа ќе биде втората жена на оваа функција во историјата на Бугарија. Единствена жена-премиер е Ренета Инџова, која е и првиот вршител на должноста премиер, назначена од претседателот Жељу Желев во 1994 година.

Актуелниот премиер Димитар Главчев претходно денеска ја повлече искажаната подготвеност да ја прифати функцијата по вторпат за да се намали политичката тензија, објави Министерскиот совет на својата веб-страница.

Според чл. 99 од Уставот на Бугарија, откако не е постигнат договор за Влада, претседателот по консултации со пратеничките групи и на предлог на кандидатот за привремен премиер, именува привремена влада и закажува нови избори во рок од 2 месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…

Двајца од повредените во пожарот во кочанската…

Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…

Нема значителна промена во општата состојба на…

Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…

Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…

Таравари од Бугарија: Двајца пациенти се екстубирани…

Двајца од жртвите во пожарот во Кочани,…

Пациентите од Кочани пренесени во Бугарија се…

Тешка е состојбата на настраданите од трагичната…