Бугарија ќе ѝ испорача на Украина 100 оклопни транспортери
Бугарскиот министер за одбрана Тодор Тагарев на заедничка прес-конференција со неговиот украински колега Олексеј Резников во Одеса изјави дека Бугарија може да започне со префрлање оклопна борбена опрема во Украина уште оваа есен.
Како што јави БТА, Тагарев посочи дека станува збор за 100 оклопни транспортери од советски тип.
– Ова донекаде го пролонгира процесот поради фактот дека мора да се потпише договор меѓу Министерството за внатрешни работи на Бугарија и Министерството за одбрана на Украина. Овој договор мора да биде ратификуван од нашиот Парламент. Штом ќе продолжи со состаноците во септември, мислам дека тоа ќе биде една од приоритетните задачи. А до крајот на септември, почетокот на октомври веќе ќе имаме ратификација на овој договор и мислам дека тогаш може да започне трансферот (на опремата), наведе Тагарев.
Тој додаде дека Бугарија ја поддржува Украина во нејзините аспирации за членство во НАТО по забрзана процедура. Според него, штом војната заврши, Украина треба да има многу јасна и брза перспектива за приклучување кон Алијансата.
Додека Резников посочи дека тој и Тагарев разговарале за актуелната ситуација, вклучително и за регионот Азовско-Црно Море, како и за идната соработка во повеќе области.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ: Украина има законко право да се…
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…
Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…
Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…