Објавено на:

Бугарската полиција со дронови ќе ги чува границите од мигранти

t

Бугарската полиција стави во употреба дронови за следење на границите во обид да се избори со илегалното преминување на мигранти.

– Веќе неколку дена по наредба на министерот за внатрешни работи користиме дронови со кои ја покриваме целата територија на границата, изјави Станимир Станев заменикот главен секретар на Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

-Од една страна го контролираме протокот на бегалци, од друга – контрола на сопствените вработени, кои се лоцирани покрај самата линија, појасни тој во изјава за бугарски медиуми.

Според него, има и зголемено присуство на МВР и воен персонал. Станев рече дека за 24 часа властите успеваат да спречат околу 1.000 луѓе кои сакаат да влезат во државата, пренесе БТА

Тој посочи дека изминатите 24 часа има 25 мигранти кои илегално ја преминале земјава, главно се од Авганистан и Сирија. Според него, бројката се намалува како резултат на преземените дејствија.

На прашањето за можна заштита од страна на вработени во МВР за минување на мигранти, тој рече: „Точно, има такви сигнали и можам да ве уверам дека работиме со сите структури кои се вклучени во истрагата за колегите од МВР“.

Тој информира и дека наскоро ќе бидат извезени и податоците од инспекциите и дека станува збор за луѓе кои работат на ниско и средно ниво во системот.

Запрашан за сумите добиени за преминот, тој потсети на зборовите на вршителот на должноста министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев, дека превозот на еден мигрант чини 1.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

(Видео) Хаос во Англија: Опожарен хотел со…

Поголема група демонстранти против мигрантите упаднаа во…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…