Бугарската фондација ги избриша фотографиите од македонските ученици “истомисленици со Михајлов”

t

Фондацијата „Бугарска меморија“ ги избриша фотографиите од директорката на Техничкото училиште во Битола Жанета Сервини и заменикот Љупчо Здравковски, како и дел од текстот на интернет страницата на Фондацијата, каде тие беа спомнати, објави Сдк.мк.

До вчера во истата објава пишуваше дека македонски студенти кои се „истомисленици на клубот Иван Михајлов“ биле во посета на Бугарија, а таму пристигнале и првите луѓе на Техничкото училиште „Ѓорги Наумов“, Битола кои го посетиле приватното основно училиште „Цар Симеон Велики“ во село Ивањане. Денес овој дел од информацијата е избришан и Сервини и Здравковски воопшто не се спомнуваат.

Фондација денес излезе со соопштение дека ги осудува неправедните обвинувања во медиумите кон директорите и дека чиста случајност е тоа што нивната посета на приватно училиште се поклопила со посеатата на македонски студенти на покана на Милен Врабевски и бугарската фондација.

Сервини и Здравковски беа во Бугарија на покана на приватно училиште „Цар Симеон Велики“ за планирање на заеднички проекти според Еразмус + програмата. Нагласуваме дека тие не се дел бугарското здружение во Битола. Тие никогаш и не беа и никогаш не кажавме дека е тоа така, напишаа денес од Фондацијата.

Во и директорката Сервини, а и Техничкото училиште се огласија со демант во кој се вели дека не се вистинити објавите низ некои македонски медиуми за присуство на ученици од Техничкото училиште од Битола во Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…

(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…

Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…