Објавено на:

Бугарска партија повикува на прекин на дипломатските односи и вето за Македонија додека тука владеат “сталинисти”

t

Бришењето на бугарските клубови со наводи за фашистичка припадност на нивните патрони е отворен чин на непријателство кон нашата земја. Министерскиот совет итно да иницира разговори со ЕК за целосно замрзнување на процедурата за прием на Република Македонија во ЕУ, велат од бугарската партија ВМРО од каде повикуваат на прекин на дипломатските односи со Македонија.

-Ние во ВМРО категорично инсистираме на цврстина од страна на официјалниот кабинет по бришењето на вториот бугарски културен центар во рок од десет дена од другата страна на нашата југозападна граница. Ставот на нашата земја мора да биде цврст и категоричен. Играта на ноти и букви и безплодни „шатлови“ меѓу Софија и Скопје очигледно не дава резултати.

Ова се наведува во ставо на ВМРО, што го дистрибуира прес-центарот на партијата.

Министерот за правда на Македонија вчера издаде наредба за бришење на бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“ во Охрид. Пред десетина дена од истите причини веше затворен и клубот „Иван Михаилов“ во Битола.

Официјално, последните постапки на министерот за правда на Република Македонија се засноваат на Законот за фондации и здруженија и Законот за партии донесени во ноември минатата година. Според овие закони, клубовите и организациите немаат право да се регистрираат доколку нивните имиња се однесуваат на фашизам и националсоцијализам и ако влеваат расна, верска и национална омраза и нетрпеливост, потсетува ВМРО.

-„Тогаш веќе беше конституирано 48. Народно собрание. Ниту една од партиите внатре – ГЕРБ, БСП, ДПС, ПП, ДБ, „Вазраждане“ и „Бугарски подем“ не реагираа против овие закони, кои нескриено беа направени да се легализира антибугарската пропаганда и говорот на омраза кон Бугарија, всаден од Скопје. Истите со лесна рака во претходното Народно собрание го тргнаа ветото за почеток на преговорите за влез на Република Македонија во ЕУ, а со дека не само што го предале бугарскиот национален интерес, туку и ги осудија на геноцид македонските Бугари, за што очигледно великодушно им се заблагодариле „Батковите“ од Европа“, се наведува во текстот на ставот.

Од ВМРО наведуваат и:

„И сега на вчерашниот непријателски чин.Одлуката на министерот Кренар Лога се заснова на мислењето на Комисијата за употреба на имиња, која пред три дена даде негативно мислење за клубот во Охрид со следните причини:

„Комисијата за употреба на лични имиња смета дека евентуалното именување на здружението со такво име предизвикува тензија и нетрпеливост кај целото македонско општество. Во образложението Комисијата наведува дека тој одговара за злосторствата извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што беа ликвидирани стотина граѓани. Конкретно, се нагласува ставот дека неговата соработка и сојуз со Третиот рајх и означената антисемитска политика биле најдиректно одговорни за депортацијата и истребувањето на илјадници македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка.”

-Слични се причините за бришењето на културниот дом во Битола, кој го носи името на легендарниот војвода Иван Михаилов. Тоа се срамота и агресивни тврдења кои отворено ги заменуваат историските факти, велат од бугарската ВМРО.

-Како е можно да се бара фашизам или поттикнување омраза кај Иван Михаилов, на пример? Роден во Македонија, овој човек ги замислил народите од родниот крај да живеат како Швајцарија на Балканот. Но, српските елити не можат да го прифатат бидејќи не го прифати вештачкото и насилно наметнување на македонскиот етникум и јазична норма.

Михаилов и Борис не беа фашисти, но едно е јасно: сталинисти продолжуваат да владеат со денешна Македонија. А за тоа единствени се радуваат неосталинистите во денешна Москва. Тие во утрешната наивна Европска Унија ќе го примат својот агент во лицето на скопската политичка елита“. – велат од ВМРО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…