Бугарска фондација го тужи Васил Стерјовски

t

Бугарска фондација ја тужи партијата на Македонците во Албанија и бара оштета од 10.000 евра. 

Фондацијата „Бугарска меморија” на Милен Врабевски од Бугарија, преку адвокатска канцеларија од Тирана, поднесе тужба во Основиот суд во Корча против единствената партија на Македонците во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и нејзиниот лидер Васил Стерјовски.

Фондацијата бара од судот во Корча „да ја натера МАЕИ да ја надомести нематеријалната штета, во износ од 10.000 евра, предизвикана како резултат на ширење клеветнички и навредливи изјави кои го нарушуваат угледот”.

Тужбата на фондација „Бугарска меморија” следува по дописот кој МАЕИ на 24 јануари годинава го испрати до албанскиот премиер Еди Рама, највисоките албански институции и странските амбасади, во кој бараше забрана на активностите на фондација „Бугарска меморија” во Албанија.

На најновиот попис како Македонци се изјасниле 2.281 или двојно помалку во споредба со пописот во 2011-та година кога биле евидентирани околу 5.500. 

За првпат, во малцинствата се појавуваат и Бугари. Дури 0,3 отсто од попишаните или над 7.000 се изјасниле дека припаѓаат на бугарската етничка заедница. Додека траеше пописот, Македонците од Албанија реагираа дека Бугарите нудат привилегии со цел луѓето да се изјаснат како Бугари. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ