Бугарскиот европратеник Ќучук: Притисокот на Западот врз Бугарија за Македонија е легитимен

Надворешниот притисок врз Бугарија во однос на Македонија е легитимен, бидејќи Бугарија го запира европскиот проект, а Европската Комисија даде јасен сигнал дека сака земјата да биде многу сериозен фактор на Балканот, рече известувачот за Македонија од Европскиот Парламент и европратеникот Илхан Ќучук за време на деветтата годишна конференција „Балканот во 21 век – бугарскиот поглед” на тема „Односите меѓу Бугарија и Македонија – Како отсега па натаму”.
Тој посочи дека е опасно да се предлага разделување на Македонија и Албанија, бидејќи тешко ќе им се објасни на партнерите во Скопје зошто треба да се случи тоа и да биде пуштена Албанија да продолжи сама, а не заедно со Македонија.
Поранешниот бугарски претседател Георги Прванов, пак, изјави дека рамковната позицијата прифатена од властите на Софија е нефункционален документ со многу содржини и за внатрешна употреба, јави дописникот на МИА од Софија.
Истовремено, тој коментира дека договорот меѓу Бугарија и Македонија од 2017 година создал стабилен амбиент, дека ги обновува односите меѓу Софија и Скопје, но во споредба со договорот меѓу Скопје и Атина, тој со Софија е неплоден.
Поранешниот заменик министер за надворешни работи на Бугарија и директор на невладиниот Институт за економија и меѓународни односи, Љубомир Ќучуков, се осврна на можното странско посредништво меѓу Бугарија и Македонија, посочувајќи дека тоа би било лошо решение. Проблемите, според него, треба да се решаваат на билатерален план.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ЕУ масовно инвестира во одбраната
Лидерите на Европската унија на самитот во…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…
Двајца од повредените во пожарот во кочанската…