Објавено на:

Бугарскиот министер за одбарана на средба со украинската амбасадорка: Бугарија ја поддржува борбата на украинскиот народ

t

Можностите за обезбедување хуманитарна и воено-техничка помош за Украина биле разгледани на средбата меѓу министерот за одбрана на Бугарија, Тодор Тагарев и амбасадорот на Украина во Софија, Н.Е. Олесија Илашчук денес, 9 јуни, во Министерството за одбрана.

„Бугарија ја поддржува борбата за слобода на украинскиот народ и напорите за обновување на меѓународниот правен поредок, како и стремежот за европска и евроатлантска интеграција на Украина. Нашата земја има придонес во мисијата за обука ЕУМАМ на Европската унија за воена помош за Украина“, рече министерот Тагарев за време на разговорите. „Политичкото раководство на Министерството за одбрана е посветено на продлабочување на билатералната одбранбена соработка“, додаде тој.

Министерот Тагарев изрази загриженост за последиците од уривањето на ѕидот на браната „Нова Каховка“. Бугарија е подготвена да помогне во надминување на кризата.

Н.Е. Олесија Илашчук изрази благодарност за хуманитарната и воено-техничката помош што ја дава Бугарија.

На средбата учествуваа заменик министерот за одбрана Атанас Запријанов, директорот на Управата за одбранбена политика и планирање бригаден генерал Радостин Илиев, директорот на Дирекцијата за логистика бригаден генерал Митко Григоров и украинското одбранбено аташе полковник Дмитро Лукашук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…