Бугарскиот парламент контра Радев: Оружје во Украина ќе се праќа!
Бугарскиот парламент го отфрли ветото што претседателот Румен Радев го стави на Законот за ратификација на Договорот со Украина за испорака на оклопни возила, пренесува Политика.
ГЕРБ-СДС, НП-ДБ, Движење за права и слободи и „Има таков народ“ гласаа „против“ ветото на одлуката за испраќање 100 воени транспортери. Ветото го поддржаа пратениците на БСП и партијата „Преродба“, јавува Радио Бугарија.
Договорот меѓу Бугарија и Украина беше потпишан во Софија на 8 август 2023 година и во Киев на 13 ноември 2023 година, пренесува Танјуг.
Претседателот Радев на 4 декември на нова расправа во парламентот го врати Законот за потврдување на договорот со кој Бугарија бесплатно и дава на Украина оклопни транспортери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…