Бугарскиот патријарх со неговата изјава за војната на Блискиот Исток ја разбранува бугарската јавност
Бугарскиот патријах Даниил ја коментираше кризата на Блискиот Исток, велејќи дека е ужасно кога човек убива други луѓе, со што го привлече гневот на бугарското општество.
„Бог да го даде Својот мир во душите на луѓето и да увидиме колку е ужасно тоа кога човек се крева против човек, кога човек убива други луѓе, изјави Даниил, патријарх Бугарски и митрополит Софиски.
Оваа изјава во бугарската јавност беше протолкувана како напад врз САД и поддршка на иранскиот режим.
Политичкиот аналитилар Владимир Владимиров, на Фејсбук напиша дека оваа изјава на Бугарскиот патријарх е срамна.
-Таканаречениот бугарски патријарх се загрижил за режимот на ајатоласите, кои се светски спонзори на шиитскиот исламски фундаментализам и тероризам!?!? НО да каже нешто за нашите православни браќа Украинци, кои секојдневно се убивани од московската сатрапија – ниту збор!!! Циничен, злобен и прост човечец… Срамота!, напиша Владимиров на фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот патријарх со неговата изјава за војната…
Бугарскиот патријах Даниил ја коментираше кризата на…
Со почетокот на месецот Рамазан, граѓаните се…
Со доаѓањето на Рамазан, граѓаните забележуваат зголемување…
Иранскиот министер Аракчи: Трамп нема право да…
Во однос на можноста за дипломатско решение…
Израел со нов бран напади: Војската тврди…
Портпаролот на израелската војска изјави дека посочи…
Ормут е затворен – цената на нафтата…
Сообраќајот низ Ормутскиот теснец – низ кој…