Бугарскиот премиер разговараше со Зеленски: Сега ни треба единство

Бугарскиот премиер Росен Жељазков разговараше со претседателот на Украина Володимир Зеленски.
Жељазков му се заблагодари на Зеленски за плодниот разговор во врска со заедничката цел за постигнување праведен и траен мир. Пред тоа, Зеленски напиша дека имал значаен разговор со бугарскиот премиер, во кој изразил благодарност за непоколебливата поддршка на Бугарија за Украина.
„Ние длабоко ја цениме солидарноста на бугарскиот народ“, напиша Зеленски, додавајќи дека двајцата разговарале за начините за постигнување праведен и траен мир за Украина. „Клучен елемент од него се безбедносните гаранции, кои ќе функционираат само доколку бидат споделени и поддржани од сите наши партнери.
„Благодарен сум за подготвеноста на Бугарија да работи заедно за да се приближиме до денот кога ќе има праведен и траен мир во Украина. Ова единство ни треба токму сега“, напиша и Володимир Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот премиер разговараше со Зеленски: Сега ни…
Бугарскиот премиер Росен Жељазков разговараше со претседателот…
Вашингтон ја преиспитува суспензијата на помошта за…
Белата куќа синоќа соопшти дека ја преиспитува…
Италија го одби предлогот на Франција и…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли понудата…
Трамп ќе пресече дали ќе ја стопира…
Соединетите Американски Држави ја прекинуваат сета воена…
Кој би можел да го наследи Зеленски?
И покрај тоа што и натаму ужива…