Бугарскиот селектор: Сакавме да победиме ама Македонија има добар и воигран тим
На отворањето на новата сезона во Лигата на нации, Бугарија и Македонија ремизираа во соседското дерби во Разград, натпревар кој беше одбележан од лошиот старт на нашите избраници и јасната доминација во вториот дел.
За жал, Македонија не ги искористи своите шанси во вторите 45 минути и не успеа да направи целосен пресврт против Бугарија, па така новото натпреварување го почнува со еден освоен бод на првото гостување.
Боби Милевски нагласи дека Македонија заслужи да оствари победа, додека противничкиот селектор Јасен Петров заклучи дека овој тим на Македонија е максимално добар и организиран и е составен од играчи кои се дел од големи тимови.
– Нашата желба беше да победиме, но вистината е дека сретнавме со многу добро воигран тим. Понекогаш не можевме да се најдеме на средината на теренот, едноставно не можевме да ги задржиме на почетокот на второто полувреме. Правевме и многу едноставни грешки и свесен сум дека овој тим може повеќе. Момците сакаа да победат, но доста брзаа со одлуките.
– Идејата беше да играме убав фудбал, но реалноста ја гледате и вие. Тие имаат многу добри играчи кои играат во силни тимови, Македонија дефинитивно е добар и оформен тим, – изјавил Петров пред бугарските новинари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…
Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…
Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…
Гаража или паркинг место за автомобил во…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…