Бугарските власти непријатно изненадени зошто се истражува отворање на бугарски здруженија

t

Внимателно следиме – вака вршителот на должноста министер за надворешни работи Николај Милков за БНТ ја прокоментира информацијата дека обвинителството во Македонија ги истражува активностите на бугарските здруженија.

„Ни треба објаснување“, рече Милков, конкретно осврнувајќи се на активностите на здружението „Иван Михаилов“, охридското здружение „Цар Борис III“.

„Внимателно ја следиме ситуацијата“, додаде тој.

Тој прокоментира и дека земјите имаат шанса да ги решат проблемите кои постојат со децении, а не се третирани сериозно.

„Сега имаме механизам за нивно решавање. Зборуваме за таканаречениот „француски предлог“. Пред нас е широк терен да продолжиме со работата и да ги расчистиме сите спорни прашања“, коментира Милков.

Министерот за надворешни работи рече и дека има изгледи за подобрување на односите со Македонија.

„Таму вознемиреност предизвикува однесувањето на опозицијата која ги користи овие внатрешни ставови на еден дел од населението. Очигледно има сили кои се спротиставуваат. Тие поставуваат лажна дилема, според мене – европско членство или идентитет на Република Македонија“.

Николај Милков изјави дека европското минато е поврзано со отфрлање на голем број пропагандни клишеа, а секоја земја пред да влезе во ЕУ мора да се раздели со дел од лажните парадигми со кои е третиран историскиот процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…