Бугарските здруженија од Македонија на средба со бугарскиот државен врв – Бараат помош за остварување на нивните права во Македонија

t

Во наредните денови во Софија ќе престојуваат претставници на бугарски организации и здруженија од Македонија.

Тие ќе имаат средби со претседателот, премиерот, Министерството за надворешни работи и претставници на политичките партии, пренесува БГНЕС.


„Нашата главна цел е да ја запознаеме бугарската политичка елита со нашите проблеми и тешкотии со кои се соочуваме во секојдневниот живот во нашата земја. Воедно, отворено ќе ги поставиме прашањата за кои сметаме дека треба да се решат во блиска иднина. “. Ова за БГНЕС го изјави лидерот на Граѓанско-демократскиот сојуз ГДС, Петар Колев, кој ќе учествува на разговорите во бугарската престолнина.

Информациите за преговарачкиот процес меѓу двете земји ќе ги побараат и Бугарите од Македониај, бидејќи „тоа директно ги засега и денес и во блиска иднина“.

„Не се работи само за заштита на нашите права, туку и за заштита на нашето културно и историско минато. За минатото на нашите предци. Нема да го пропуштиме прашањето за наше вклучување во Уставот на РМ – како државотворен народ. За последното прашање „Сакам да појаснам дека не се работи за малцински права, туку за правата на Бугарите од РМ“, додаде тој.

Во делегацијата ќе членуваат претставници од Центарот „Иван Михаилов“ – Битола, Здружението „Трибуна“ – Прилеп, Здружението „Македонско-бугарско пријателство“ – Скопје, Здружението „Коридор 8“ – Скопје, Здружението „Интеракција“ – Охрид, Здружението „Единство“ “ -Кочани и ПП Граѓанско-демократски сојуз (ГДУ). Ќе ги претставуваат Љупчо Георгиевски, Георги Царномаров, Благој Шаторов, Владимир Перев, Атанас Величков, Игор Билбиловски, Илија Стојановски, Александар Димитровски, Димче Петкоски, Георги Трендафилов и Петар Колев.

БГНЕС потсетува дека ова е прва посета на бугарските здруженија и партии на РМ од почетокот на оваа година. Минатата есен нивните претставници беа примени од сите водечки политички партии застапени во парламентот, кои силно ги поддржаа нивните барања и заштита на нивните права.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Да имаше стабилна влада во Бугарија…

Портпаролот на коалцијата ВЛЕН, Фари Хисени вели…

Бугарија ќе ја добие втората жена премиер…

Бугарскиот премиер Румен Радев ја назначи Горица…

Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…

Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…