Бугарските клубови кои нема да ги променат спорните имиња ќе бидат избришани

t

Бугарските клубови кои нема да ги променат спорните имиња на нивните здуженија, ќе бидат избришани од Централниот регистар, велат за Канал 5 од Министерството за правда. 

Измените на Законот за здуженија и фондации, беше изгласан на почетокот од ноември, а Централниот регистар е должен да ги избрише здуженијата од регистар, ако тоа го побара Министерот за правда, по добиена согласност од Комисијата за употреба на имињата во здурженијата на историските личности.

„Организациите регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат името и/или називот, скратеното име, програмата, целите и дејностите се бришат од Регистарот, врз основа на донесена одлука за неусогласеност од страна на министерот за правда по претходно добиено негативно мислење од Комисијата. Одлуката се донесува во рок од четири месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон“, велат за Канал 5 од Министерството за правда.

Законот е стапен на сила на 16 ноемри, што значи дека спорните здруженија „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис III“ во Охрид имаа рок до 16 февруари идната година да ги променат имињата, статусот и целите на здружнијата.. Во спроривоно до 16 март 2023 година министерот за правда е должен да ја донесе одлуката со која тие ќе се избришат од Централниот регистар, ако такво мислење даде Комисијата.

Премиерот Димитар Ковачевски, вели дека законското решение ќе се почитува.

„Ние во моментов имаме Закон во државата, којшто важи за секого. Сите закони кај нас важат за секого, не посоти искулок. И нормално дека сите оние институции коишто се засегнати со одреден закон тие се задолжени и законот да го спроведуваат, така што не е прашањето што може Влада прави, туку што институциите прават за спроверување на одреден закон, а јас секогаш сум кажувал дека секоја институција и секој член на нашето општество треба се придржува до важечките закони во општеството“, изјави премиерот Ковачевски.

Во меѓувреме, клубот во Охид по втор пат беше мета на напаѓачи… охридската полиција сè уште трага по нив, а бугарските медими објавија снимки од безбедносните камери на клубот, на кои се гледаат три маскирани лица кои фрлаат со предмети кон објектот и веднаш бегаат.

Клубот во Битола пак веќе води правна битка со комисијата за антискриминација, откако институцијата утврдила дека клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола врши потежок вид на дискриминација, а бара и обвинителството да провери дали шири расистички и ксенофобичен материјал..

„Ваквите соджини не можат да бидат поведени само под вознемирувачки збор, туку има и елементи на говор на омраза. Говорот на омраза е законска надлежност на Јавно обвинителство. Како Комисија, вчера доставивме документи и го информиравме Јавното обвинителство, доколку смета и најде доволно такви содржини, да постапува согласно кривичниот законик“, вели во телефонска изјава за Канал 5 Весна Бендевска која членува во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.- Весна Бендевска, Комисија за заштита и спречување од дискриминација.

Клубот „Ванчо Михајлов“ во реакција на фејсбук наводите на Комисијата ги оцени како притисок врз нив.

Паралено, во Министерството за правда се подготвува новото законско решение за здруженија и фонадции. За него, се очекува консензус од партиите и мислење на експерти, а според најавите законското решение би се базирало по германското закондавство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Правдата за злосторството врз Вања е блиску,…

Грозоморното и свирепо убиство на 14 годишната…

Петмина Бугари обвинети во Британија за шпионажа…

Петмина Бугари се обвинети во Велика Британија…

Ќе се регулира распределбата на предмети во…

Министерството за правда најави дека ќе се…

Министерство за правда: Ќе се интензивира реконструкцијата…

Министерството за правда соопшти дека ќе се…

(Фото) Пораката која го преплави фејсбук: Политички…

Мастро Дурловски со активизам за праведна држва…