Бугарски академик ги пошљака членовите на историската комисија

t

Бугарскиот академик Димитар Атанасов во гостување во македонската програма во Мелбурн објасни дека според него членовите на мешовитата историска комисија, барем од бугарска страна се некомпетентни и пристрасни и дека сите тие имаат некаква позадина и поврзаност со познати националистички структури во Бугарија.

– Првото име е Наум Кајчев, тој беше заменик-етседател на бугарската ВМРО. Тоа е факт. Ангел Димитров е човек длабоко сврзан со националистичката група во Бугарија. Бони Петрунова, археологот, беше заменичка на Божидар Димитров кој кажуваше дека не постојат Македонци.

Практично бугарскиот дел од историската комисија се дел од бугарското ВМРО, тие ги застапуваат нивните интереси. Лошо е и што претседателот Румен Радев се приклучува кон таа реторика, вели Атанасов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…

Марија Јаничевска е предложена за директорка на…

Марија Јаничевска е предлог за директорка на…

Софистицираните системи „Пегасус“ и „Предатор“ под лупа…

Денеска истекува крајниот рок до кога надлежните…