Бугарски министер: Ќе обезбедиме коридор за авионот на Путин до Будимпешта за средба со Трамп
Бугарскиот министер за надворешни работи Георги Георгиев изјави дека Бугарија е подготвена, доколку е потребно, да обезбеди воздушен коридор за авионот на рускиот претседател Владимир Путин на пат кон Будимпешта на средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Кога се прават напори за постигнување мир, логично е да се обезбедат сите потребни услови за постигнување на таа цел“, рече Георгиев, одговарајќи на прашања од Бугарското национално радио.
На прашањето дали Бугарија ќе обезбеди воздушен коридор за авионот на Путин, тој праша „како може да се одржи средбата ако еден од нејзините учесници не може да присуствува на неа“.
На 16 октомври, по телефонскиот разговор со Путин, Трамп објави дека се согласиле наскоро да се сретнат во Будимпешта, изјава потврдена од Москва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарски министер: Ќе обезбедиме коридор за авионот…
Бугарскиот министер за надворешни работи Георги Георгиев…
Трамп: Хамас ќе се однесува пристојно или…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија…
Победата на ВМРО-ДПМНЕ беше очекувана. Не знам…
Изборите биле „конкурентни, но засенети од правни…
Локалните избори одржани на 19 октомври беа…
ЕУ е пред усвојување на драстични мерки,…
Унгарија ќе ги искористи сите расположиви политички…