Бугарски обвинител: Бугарија нема врска со експлозијата на Кримскиот мост
Бугарија нема никаква врска со експлозијата на мостот на Крим. Ова го утврди прелиминарниот увид на обвинителството на Софија, објави на Твитер главниот обвинител Иван Гешев. „Ова е уште еден руски хибриден напад против европската заедница“, тврди тој.
Мостот што го поврзува Кримскиот Полуостров со Русија беше разнесен под неразјаснети околности на 8 октомври. Еден ден подоцна, шефот на руската истрага Александар Бастрикин му пријавил на претседателот Путин дека нападот го подготвиле украинските специјални служби со помош на руски државјани и странски земји. Според руската истрага, експлозијата била предизвикана од камион кој се движел по трасата – Бугарија, Грузија, Ерменија, Северна Осетија, Краснодарска територија.
Експлозивната направа била маскирана на ролна полиетиленска фолија на 22 палети со вкупна тежина од повеќе од 22 тони и била испратена од пристаништето Одеса во Русе на почетокот на август, тврди ФСБ (Федерална служба за безбедност). Од експлозијата се запалиле цистерните со гориво на возот кој минувал преку мостот.
Во информациите на руските медиуми се споменува компанијата „Балтекс капитал“ која на почетокот на август склучила договор за товарот со украинска компанија и товарот пристигнал во Русе. Но, таква компанија не е регистрирана во Бугарија, туку во Панама нејзини царински претставници се шпедицијата „Тиваком“.
По обвинувањата на Кремљ следуваше реакција од бугарската влада. „Во врска со шпекулациите и обидите за вмешаност на името на Бугарија во експлозијата на мостот на Крим, по наредба на премиерот, извршен е увид од безбедносните служби. Несомнено е утврдено дека камионот кој експлодирал на мостот на Крим никогаш не бил на територијата на Република Бугарија, која била посочена како почетна точка на неговата рута“, се вели во официјалното соопштение од владиниот прес-центар. И покрај тоа, службеници на ГДБОП и на Царинската агенција запленија документи и видео снимки од државната компанија „Слободна зона – Русе“ во потрага по товарот наведен од Кремљ. Софиското градско обвинителство, пак, се пријавило и започнало истрага, која им ја додели на МВР и на Службата за државна безбедност.
Веднаш по нападот, во Русија се приведени осум лица, кои, според ФСБ, учествувале во бомбардирањето на мостот на Крим. Петмина од нив се руски државјани, а останатите тројца се државјани на Украина и Ерменија. Последователно, бројот на приведени се зголеми за уште тројца. Според официјалниот руски став, инцидентот бил терористички напад на украинските служби. Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски негираше дека неговата земја била вмешана во експлозијата. Покрај бугарското обвинителство кое го истражуваше случајот, и Националната безбедносна служба на Ерменија отвори кривична постапка за „учество во терористичкиот напад на мостот на Крим“. „Ниту еден товар ТНТ, ниту еден камион или вагон со други експлозиви не ја помина царинската граница. Доколку некој тврди дека камионот навистина ја преминал државната линија, ќе започне истрага и сторителите ќе одговараат. Мислам дека не треба да барам оправдувања“, изјави грузискиот заменик-министер за финансии Георги Какауридзе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
ЕУ: Украина има законко право да се…
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…
Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…
Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…