Бугарски професор удри по своите: Бугарите се во хистерија, без идентитет и си замислуваат дека некој ќе им ја украде историјата
Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостуваше Горан Ризаов од Метаморфозис, со кого разговаравме за лажните вести. Околу објавените вести за отворањето на бугарскиот културен клуб во Битола, Ризаов посочи дека тие оделе кон говор на омраза. Посочи дека факт е дека секоја прилика или секој настан меѓу Македонија и соседна Бугарија се користи за извртување на вистината.
-Имаме случај каде истите луѓе кои го фалеа Ванчо Михајлов пред 5/6 години, сега го ословуваа како фашист. Тоа беше контрадикторно, но за жал публиката многу малку се сеќава на тие работи-рече Ризаов.
Бугарскиот професор Евгени Даинов посочи дека бугарскиот премиер, бугарската влада прават се што можно да ги покрене работите, но ги стопираат две партии од коалицијата – Има таков народ и БСП – поранешната комунистичка партија. Тој додава дека секој кој мисли дека друга држава може да му ја украде неговата историја и неговиот идентитет, тој човек веќе нема идентитет. Истакна дека во Бугарија 80% од Бугарите сакале Македонија да биде членка на ЕУ, додека пак сега после три години 60% не сакаат.
-Човек кој мисли дека друга држава може да му ја украде неговата историја и неговиот идентите – вели Даинов.
-Овој човек е дупка, празен простор. Тој е вакум. Кога имаш самодоверба знаеш кој си, никој не може да ти украде ниту историја, ниту идентитет, но бидејќи Бугарите се втерани во оваа хистерија и се чувствуваат слаби, без идентитет и си замислуваат дека некој може да им ја украде историјата. Тоа не може да се случи. Сите историски спорови се за минатото, не се за мене овде и сега и не се за мене во иднината. Тоа треба да се каже и од двете земји, бидејќи Европа не разбира, ЕУ не сака да го разбере точно тоа, како разговор за минатото, за историјата се наоѓа во основа за разговор за политиката, што е разговор за иднината. Оваа врска треба да биде прекината од Бугарија. Бугарија ја направи оваа врска и Бугарија треба да ја прекине-рече Даинов.
Бугарите се во хистерија, се чувствуваат слаби, без идентитет и си замислуваат дека некој може да им ја украде историјата- додава тој.
Нема лесно и брзо решение бидејќи средината е отруена и јас навистина стравувам дека ако утре се подигне ветото овде ќе има проруски бунт. Подготвени се, има списоци на луѓе за затворање- објаснува професорот.