Бугарски режисер ги попари неговите: Спорот со суверена, признаена држава е целосно бесплоден – Може да си го нарекуваат јазикот како сакаат

t

Не можам да ги разберам немирите околу македонскиот јазик, бидејќи и европската историја и општествените науки многу јасно покажуваат дека службениот јазик е политички ентитет, а не нешто природно и нормано, не дај Боже генетско или свето (ако е генетско, зошто да одиме на училиште, би требало да се раѓаме кодирани со јазикот?)

Појавата на потребата за стандарден, официјален јазик што ќе го зборуваат сите е сосема нормално за да се консолидира политичкото население на една територија, односно полесно да се управува со неа, да функционира во склад со современето време…

Оттука, спорот со суверена, признаена држава е целосно бесплоден, бидејќи таа има право, врз основа на нејзиното признавање, да го нарекува својот јазик како што сака.

Ако Бугарите веруваат дека географската област на Македонија била „бугарска“, тие едноставно ја пропуштаат идејата дека дури и ако населението зборувало бугарски јазик што ние веќе не го зборуваме; дури и во границите на Бугарската егзархија, тоа било едноставно соседно население во Отоманската империја; таму немаше бугарска држава; не во деветнаесеттиот век.

И ако Бугарите веруваат дека историскиот наратив бил бугарски, тие мора да размислат дали ова не е само експанзионистички наратив на младата бугарска национална држава, која се обидела да ги истера другите конкуренти од полуостровот или да стекне друга форма на политичка надмоќ. Затоа што испаѓа дека денес она што се подразбира под национален интерес е историски ревизионизам, обожување на наративи за експанзија. Ако сакате да ги избришеме и луѓето?

Ова е ФБ статус на Петар Денчев. Тој е бугарски писател и театарски режисер. Роден е 1986г. во Варна. Во 2010 година дипломирал режија на драмската академија “Крсто Сарафов”, каде што работел по текстови на Гогољ, Молиер, Ведекинд. Литературно деби му е расказот “Малакоф, сакам да остарам”, кој е награден на конкурсот “Екстаза” на списанието “Алтер” (2006). Следат неколку награди и номинации од различни поетски конкурси.
Два пати ја добива втората награда на Националниот младински поетски конкурс “Веселин Ханчев” (Стара Загора, 2006 и 2010). Со романот “Како што мажот ја бакнува љубената” победи на конкурсот за нов бугарски роман “Развој” (2007), а потоа и наградата на Рајфајзен банката на конкурсот “Јужна пролет” (2008).
Неговите наставни театарски претстави гостуваат на различни фестивали во Србија, Бугарија и Косово и од тогаш датира неговиот интерес кон земјите од поранешна Југославија. Дебитира како режисер со претставата “Жената од минатото” по Роланд Шимелфениг, која подоцна е одиграна на фестивалот “Славија” во Белград. Ги поставува “Карневал” од Жорди Галсеран, “Медеја” на Еврипид, Ануј и Драер, “Морски пејзаж” од Едвард Олби, “Ромео и Јулија” и “Дванаесеттата ноќ” од Шекспир, како и “Мизантроп” од Молиер.
Автор е на збирката раскази “Приказни во минато време” (2011, ИК “Џенет 45”), а последната книга е експерименталниот роман “Тивкото сонце” (2012, ИК “Џенет 45”). Има објавувано во сите големи бугарски весници и списанија како и во американското The Litter box magazine и на хрватскиот сајт “Критична маса”.

Извор: Денешен весник

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апел за помош: Да му помогнеме на…

Почитувани пријатели,ова е мојот син Петар има…

(Фото+Видео) Се бараше во јама до 70…

Се уште се бара исчезнатиот Петар Џобоски,…

(Видео) Петар кој ја насмеа Македонија стана…

Петар е детето кое ја насмеа македонската…