Објавено на:

Бугарското ВМРО-БНД ќе протестира: Мора да се зачува националниот интерес во преговорите со Македонија

t

Бугарската националистичка партија ВМРО-БНД најави дека ќе почне со протести за одбрана на бугарскиот национален интерес во билатералните односи со Северна Македонија, пренесуваат бугарските медиуми.

Преку низа протестни настани, членовите и поддржувачите на партијата ќе ѝ покажат на власта дека интересите на Бугарија и македонските Бугари не се разменуваат, тргуваат или продаваат и дека „историјата на двете земји е заедничка“.

Според партијата, „за Северна Македонија нема место во Европската Унија додека не докаже дека ќе ги гарантира правата на луѓето со бугарски идентитет“.

Протестите ќе започнат на 4 мај, кога се слави годишнината од смртта на Гоце Делчев.

Од партијата во Пловдив посочија дека нивната декларација во Советот на општината во Пловдив била усвоена на 18 април, бидејќи претставниците на партиите ГЕРБ и Демократска Бугарија (ДБ) гласале „против”.

„Темата Македонија е важна за нас. За нас е важно да ја имаме на дневен ред, да имаме консензус во општеството и многу е чудно кога Советот на општината во вториот по големина град во Бугарија испраќа измешани сигнали“, изјави Александар Пецов, претседател на ВМРО-БНД во Пловдив.

Тој појасни дека дека идејата за оваа декларација на општинските советници од ВМРО-БНД е да се даде „поддршка на бугарската влада и парламент за каузата на Македонија, да се зачуваат правата на Бугарите таму и строго да се почитува Договорот за соседство“.

„Оваа декларација ѝ помага на владата на власт да има моќ, бидејќи притисокот е прилично силен да им се тргне ветото без тие да ги исполнат своите обврски кон нас“, потенцираше претставникот на ВМРО-БНД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Сијарто: Итни преговори за мир во Украина!

Мировните преговори за Украина треба да започнат…