Бугарското МНР за патот на Македонија: Процесот на евроинтеграции не дозволува посредување меѓу ЕУ и земја-кандидат
„Скопје го прогласи својот главен надворешнополитички приоритет да се приклучи кон европското семејство врз основа на вредности и правила“, велат од бугарското Министерството за надворешни работи (МНР) во својот став во врска со, како што велат „постојаните изјави на претставниците на Република Северна Македонија, со кои се доведува во прашање принципот pacta sunt servanda“.
-Тоа претпоставува строго почитување на добро познатите обврски, посочуваат од бугарското МНР и додаваат дека процесот на евроинтеграции се заснова на сопствените заслуги и не дозволува посредување меѓу Европската унија (ЕУ) и земја кандидат.
-Единствена гаранција за успех е исполнувањето на поставените критериуми и услови, се наведува во ставот, пренесуваат бугарските медиуми.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој дента кога од Брисел стигна веста за одвојувањето на Тирана и Скопје во преговорите со ЕУ, оцени дека ваквиот потег е „историска грешка на квадрат“, а како премиер на земјата која претседава со Унијата, тој се понуди и за посредник меѓу Македонија и Бугарија.
„Јас имам свој предлог и му го пренесов на премиерот Мицкоски и му кажав дека ние сме подготвени да го искористиме претседавањето со ЕУ и да посредуваме во ова прашање. Дали страните се подготвени да ја прифатат Унгарија како посредник е нивна работа, но ние сме подготвени и сакаме да посредуваме“, рече Орбан од Охрид додавајќи дека се работи „да се најде решение кое ќе им одговара и на Македонците и на Бугарите“.
Европската комисија најави дека очекува што поскоро отворање на преговорите за проширување со Албанија, како и со Македонија, откако ќе се исполнат барањата одобрени од Советот на ЕУ. Неколку дена претходно, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ја повика Македонија да ги почитува преземените обврски, да ги спроведе правно обврзувачките договори и решително да продолжи со реформите на патот кон ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарското МНР за патот на Македонија: Процесот…
„Скопје го прогласи својот главен надворешнополитички приоритет…
Орбан: ЕУ започна економска студена војна со…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан верува дека ЕУ…
Силен земјотрес во Романија, почувствуван и во…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
ММДЧП и МАЕИ побараа од Канада да…
На 2 октовмри, претседателот на Македонското Меѓународно…
Со владин авион и дипломатска придружба Бугарија…
Иницирана е етапна евакуација на Бугарите во…