Бугарското МНР со остра реакција за нападот на клубот Цар Борис Трети: Во Македонија постои проблем со изразување на бугарскиот идентитет

t

Министерството за надворешни работи на Бугарија најостро го осудува злосторството извршено ноќта меѓу 20 и 21 ноември 2022 година врз Културниот клуб „Борис III“ во Охрид.

Ова е втор напад врз оваа организација за помалку од два месеци и уште едно злосторство од омраза врз Бугарите во Македонија. Ваквите акции опипливо и намерно ги попречуваат напорите за зајакнување на пријателството, добрососедството и соработката во односите меѓу Бугарија и Македонија, наведува бугарското Министерство за надворешни работи.

Она што се случува треба да се разгледа во контекст на обидот за палење на клубот „Иван Михаилов“ во Битола и хероизацијата на неговиот сторител; повиците за откажување од Договорот за добрососедство со Бугарија; на ескалирачкиот говор на омраза во медиумскиот простор и социјалните мрежи во Македонија; месеци агресивна јавна кампања против бугарските културни клубови; на законски измени кои ја загрозуваат слободата на здружување на Бугарите во соседната земја.

Очигледно е дека во Македонија се уште постои проблем со слободното изразување на бугарскиот идентитет, велат од МНР на Бугарија од каде додаваат:

Убедени сме дека Министерството за надворешни работи на Македонија ќе има навремена и соодветна реакција на она што се случи. Има конструктивен дијалог меѓу нашите две надворешнополитички институции.

Но, очекуваме дека овој дијалог ќе ги вклучи и другите институции во соседната земја со конкретни активности. Неопходно е навремено да преземат мерки за откривање и изведување пред лицето на правдата на сторителите на делото врз Културниот клуб „Борис III“. Систематското отсуство на вистинска реакција создава чувство на неказнивост и на тој начин поттикнува умножување на овие манифестации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…