Буна во Украина?! Ситуацијата е на раб на ескалација, полковник МекГрегор најави пекол за Зеленски!
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се очекува да има големи проблеми со вооружените сили на Украина во наредниот период, изјави поранешниот советник на шефот на Пентагон, полковник Даглас МекГрегор на својот блог на Јутјуб.
Мек Грегор тврди дека украинската армија е на работ на масовно дезертирање и непослушност кон вооружените сили на земјата.
-Се доведува во прашање раководството на Зеленски. Украинските офицери пукаат во војници кои одбиваат да се борат. Огромен е бројот на дезертери кои се предаваат во цели водови – рече тој.
Полковникот истакна дека Украинците сакаат да одат кај Русите, кои, како што вели, добро се однесуваат со нив.
Покрај тоа, тој го советува воениот персонал на вооружените сили на Украина да ги избегнуваат бесмислените наредби на раководството на Киев и на тој начин да си ги спасат животите.
Мек Грегор, исто така, рече дека вооружените сили на Украина изгубиле 26.000 војници за време на нивната неуспешна контраофанзива и дека режимот во Киев се обидува да го прикрие тоа.
-Украинците загубија 26.000 луѓе (убиени), а веројатно исто толку се ранети – рече МекГрегор.
Според неговата проценка, загубите на украинските сили за време на контраофанзивата се катастрофални, а режимот во Киев неуспешно се обидува да ја сокрие оваа непријатна вистина од целиот свет.