Бундесверот се подготвува да евакуира германски граѓани од Либан
За таа цел во воздухопловната база во градот Вунсторф во германската покраина Долна Саксонија се чуваат подготвени воено транспортно летало А400М и војници кои можат за кратко време да бидат испратени за помош при евакуација.
Се подготвуваат и германските поморски сили. Мисијата може да вклучува главно германски државјани кои останале во Либан и покрај постојаните повици да ја напуштат земјата.
Магазинот Шпигел објави дека транспортниот авион А400М би можел да земе германски државјани од Бејрут по неколку часа лет и да ги остави на блискиот остров Кипар, пред да лета назад за Бејрут.
Германската воена фрегата „Хамбург“, која е на пат за операција во Црвеното Море, би можела да биде пренасочена за евентуална евакуација на германски државјани по море. Бродот моментално се наоѓа јужно од брегот на Грција.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи во Берлин вчера изјави дека околу 2.100 германски државјани веќе се пријавиле на кризниот список во Либан, што е за 800 повеќе од минатата недела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бундесверот се подготвува да евакуира германски граѓани…
За таа цел во воздухопловната база во…
Во хотел во Битола пронајден починат маж
На 04.08.2024 во 12.47 часот во СВР…
Исчезнато е возрасно лице од Прилеп –…
За кратко време исчезнато уште едно возрасно…
Британија ќе формира специјална полициска единица за…
Британската влада ќе формира специјална полициска единица…
Три активни пожари низ Македонија
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…