Објавено на:

Бунтовниците го прогласија 8 декември за национален празник на Сирија: „Сакаме демократија“

t

По соборувањето на Асад, бунтовниците објавија соопштение. Откако прогласија празник, велат дека сакаат демократија.Сириските бунтовнички групи кои успеаја да го соборат режимот на Асад објавија соопштение за печатот.

Соопштението го пренесуваме во целост

„Сириската национална коалиција му го честита на големиот сириски народ, на сите негови синови и ќерки, ослободувањето на Сирија од криминалниот режим на Асад, по 14 години мирна и вооружена борба, од крици и куршуми, за слобода, достоинство, демократија, правда и безбеден и пристоен живот.

Коалицијата го прогласува 8 декември 2024 година за национален празник на Сирија бидејќи е ден на победата на мачениците и жртвите, ден на победата на затворениците, прогонетите и угнетените, ден на победата на вистината и правдата над криминалот и неправдата.

Големата сириска револуција ја скрши децениската тиранија и угнетување, раѓајќи нова Сирија. Денес, таа премина од борбата за соборување на режимот на Асад во борбата за изградба на Сирија која ќе ги почитува жртвите на својот народ.

Го повикуваме нашиот народ во сите сириски провинции да се грижат за јавниот имот, зградите и објектите од секаков вид, бидејќи тие му припаѓаат на народот, а не на терористичкиот режим на Башар ал Асад.

Националната коалиција и ја потврдува на меѓународната заедница својата посветеност да го заврши трансферот на власта на преодно раководно тело со целосни извршни овластувања, со цел слободна, демократска и плуралистичка Сирија.

Ја нагласуваме нашата загриженост за безбедноста на соседните земји и немешањето на Сиријците во нивните работи. Коалицијата се обидува да изгради стратешки партнерства со земјите од регионот и светот за обнова на Сирија.

Ги повикуваме и нашите браќа Курди да се оградат од какви било странски организации и да му се придружат на сирискиот народ заедно да ја изградиме Сирија, прифаќајќи ги сите нејзини луѓе, култури и верувања“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ќе го намалат бројот на американски…

САД ќе го намалат бројот на своите…

Европската унија ги укина економските санкции против…

Европската Унија ги укина економските санкции врз…

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции…

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија попладнево…

Саудиска Арабија и Катар го отплатија долгот…

Светската банка денеска објави дека Саудиска Арабија…

Трамп е воодушевен од лидерот на Сирија,…

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со…