Објавено на:

Бура во Индискиот Океан: Британија остана без сопственост на еден архипелаг

t

Британската сопственост на архипелагот Чагос во Индискиот Океан е официјално оспорена, откако амбасадорот на Маурициус во Обединетите нации Јагдиш Кунжул денеска го подигна знамето на својата земја.

На денешната церемонија официјалните лица на Маурициус ја пееја националната химна на својата земја, а знамето на Маурициус беше подигнато на јарболот на атолот Перос Бањос, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

„Ова е симболичен чин на подигање на знамето како што тоа го направија Британците многу пати за да основаат колонии. Сепак, го враќаме она што отсекогаш било наше“, изјави Кунџул.

И премиерот на Маурициус, Правинд Југнаут, во видео порака рече дека ќе обезбеди мудро управување со архипелагот Чагос, односно неговата поморска безбедност, зачувување на морската средина и заштита на човековите права.

Тој во телефонска изјава за „Гардијан“ рече дека ова е многу емотивен момент за него и историски момент за Маурициус бидејќи е во состојба да го подигне своето знаме на своја територија, пренесе Танјуг.

Запрашан што ќе се случи доколку британските власти го тргнат знамето на Маурициус, Југнаут рече дека „не знае што ќе направат“.

„Ако го отстранат, тоа ќе биде нивна провокација и знак дека Велика Британија не се придржува до одлуките на меѓународните судови“, рече тој.

По свеченото кревање на знамето, делегацијата на Маурициус организираше скара-забава за посетителите кои дојдоа со брод.
Инаку, спорот за овие острови трае со децении и е многу деликатно безбедносно прашање, бидејќи единствениот населен остров на архипелагот е всушност Диего Гарсија, каде што се наоѓа американската воена база.

Архипелагот Чагос бил дел од Маурициус од 1903 до 1965 година. Потоа, тогашната влада на самоуправната британска колонија Маурициус ја продаде на Велика Британија, која на неа ја формираше британската територија на Индискиот Океан. Главната цел на формирањето на таа територија беше да им се овозможи на САД да спроведуваат воени активности во регионот.

Затоа, помеѓу 1968 и 1973 година, британската влада ги иселила сите жители на островот кои припаѓаат на архипелагот и ги изнајмила како „ненаселени“ на американската армија, која формирала стратешка база само во Диего Гарсија.
Маурициус водеше и правна битка за враќање на архипелагот Чагос на неговиот суверенитет, па тие поднесоа жалба до Обединетите нации и до Меѓународниот суд на правдата.

Во февруари 2019 година, Меѓународниот суд на правдата донесе необврзувачка одлука дека трансферот на архипелагот на британската администрација во 1965 година не се заснова на слободната волја на населението и дека, соодветно, Британија треба да се откаже од суверенитетот над него. Британија ја оспори јурисдикцијата на судот да се занимава со ова прашање.

Во мај 2019 година, Генералното собрание на ОН усвои резолуција со мнозинство гласови, потврдувајќи дека архипелагот Чагос е „интегрален дел од територијата на Маурициус“.

Во јануари минатата година, Меѓународниот трибунал за поморско право на ОН ја потврди одлуката на Меѓународниот суд на правдата и и наложи на Велика Британија да го предаде архипелагот на Маурициус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…

Брачниот пар е обвинет за расистички напад…

ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ БРОД НА БРИТАНСКАТА МОРНАРИЦА!

Британската кралска морнарица во неделата соопшти дека…

Крузер со 3.000 луѓе е во карантин…

Повеќе од 3.000 луѓе се блокирани на…

Британија размислува за испраќање војници во Украина?

Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…

Во Британија издадоа предупредување за многу заразна…

Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за…