БУРУ го “размрда” Скопје
Викендов, во саботата, се одржа првата БУРУ журка во Скопје.
Буру е колектив од млади луѓе кои сакаат да направат промена во културата и ноќниот живот, а токму тоа го остварија со журката која се одржа во Музејот на современа уметност Скопје. “Сте го донеле Берлин во Скопје” и “Скопје вечерва звучи и изгледа како Солун” се само мал дел од позитивните коментари на присутните на Буру.

Атмосферата на Буру ја загреваше L.O.V.D – музичар и продуцент кој настапува со live електронска музика комбинирајќи жанрови како електро, синт, хаус, гтек и други. Следен презема Ampov, веќе добро познат и талентиран млад ДЈ, кој воедно е дел и од тимот на Буру, претставувајќи го во најдобро светло со својот енергичен сет. За крај, изненадување за присутните беше Man With The Speaker, кој доаѓа директно од Атина и внесе посебна енергија во вечерта што долго ќе се зборува и памети.



Буру не е “уште една” журка во Скопје. Буру е ресетирање на градот, културата и ноќниот живот, промена за која не бевме ни свесни колку беше потребна. Буру е почеток на нешто што никогаш претходно не се случило, а ќе остане запаметено засекогаш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БУРУ го “размрда” Скопје
Викендов, во саботата, се одржа првата БУРУ…
Филипче: Скопјани не го прифаќаат извинувањето на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска…
Лишен од слобода возач во Скопје, удрил…
Денеска (27.09.2025) во 08:15 часот во СВР…
Скопје се најде на листата „најпотценетите дестинации…
Списанието „Тајмаут“ сподели листа на „најпотценетите дестинации…
Скопје колабираше: Автобуските полни, граѓаните револтирани –…
Делови од Скопје денеска останаа без јавен…