Бучковски: Бевме блиску до решение со Бугарија кон крајот на 2020 година но тогаш пласна ентузијазмот од наша страна
Поранешниот специјален претставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски информира дека Македонија била блиску до решение со нашиот источен сосед кон крајот на 2020 година.
-Тоа беше пред Новата година 2021. Бевме блиску до ставовите со либералниот дел од бугарската влада и тогаш беше планот 5+1. Енигма остана зошто спласна ентузијазмот од наша страна пред изборите кај нас, рече Бучковски во емисијата „Само интервју“.
Тој додава дека повеќе не е вклучен во процесот на дијалог, но ќе се обиде да испрати порака доколку е потребно.
-Јас со неколку невладини организации по потпишувањето на Договорот за добрососедство сакав да ги приближам двете општества, знаејќи дека ќе дојде до проблеми. Беше само прашање на време кога ќе дојдеше до проблеми во имплементирање на Договорот, рече Бучковски.
Професорот се обиде да ја појасни причината зошто повеќе не ја извршува таа функција.
„Кога видов дека ни се раздвојуваат размислувањата, сфатив дека нема што многу да помогнам во таквата состојба. Но, јас ќе работам на каузата. Ќе се трудиме да дојде до зближување на двата народи и надминување на сите проблеми кои настанаа од бугарската блокада“, рече Бучковски во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…