Бујар Османи: Амбасадорката е повикана во бугарското МНР за договор што го постигнал ВМРО-ДПМНЕ

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во денешната емисија „Само Интервју“ на Канал 5 рече дека македонската амбасадорка во Софија е повикана во бугарското МНР поради „договор на ВМРО-ДПМНЕ направен со Бугарија од 1999-та“.

– Повикана е затоа што во 1999 има потпишано Владата на ВМРО-ДПМНЕ со премиерот Костов во еден член дека Македонија нема да се меша во малцинските права на Бугарија. Не ја бранам позицијата на Бугарија, туку само кажувам што и рекле на амбасадорката, рече накратко претседателскиот кандидат на ДУИ.

Бугарското министерство за надворешни работи на Бугарија, ја повика македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси Поповска на средба поради како што се наведува во нивното соопштение, неодамнешните јавни коментари на политичари од соседната земја и лажните изјави од нивна страна за Република Бугарија.

Во соопштението не е прецизирано на кои политичари и за кои тврдења се однeсува реакцијата, но се нагласува дека Софија „категорично се противи на обидот Бугарија и билатерални односи да се вклучуваат во внатрешната политичка дебата во предизборна кампања.

Соопштението на бугарското МНР доаѓа по барањето на бугарската партија ВМРО бугарското МНР итно да го повика нашиот амбасадор во Софија, во врска со изјава на претседателот Стево Пендаровски поради, како што се наведува, „говор на омраза кон бугарската држава“ кога во јавен настап кажа дека македонското малцинство во Бугарија во последните 70-80 години е малтретирано и преживува голгота.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…

Денес во Министерството за надворешни работи на…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

Уште имаат храброст да се жалат! Косовско…

Министерството за надворешни работи и дијаспора на…