ВАЖНА ВЕСТ И ЗА МАКЕДОНЦИТЕ! Ер Србија продолжува да лета до и од аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив!

t

Ер Србија продолжува да лета до аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, сѐ додека израелските воздухопловни власти гарантираат безбедност, изјави капетанот и директор за летови на Ер Србија, Душан Милатовиќ.

„Засега сѐ е во ред. Се додека израелските воздухопловни власти гарантираат безбедност и го покриваат тој коридор од кој доаѓаме од север, летовите ќе продолжат. Ние сме во постојан контакт со европските и израелските воздухопловни власти и врз основа на нивните информации донесуваме одлука. Засега таа е таква што летовите продолжуваат“, изјави капетанот.

Милатовиќ вели дека нема големи разлики меѓу планирање редовни летови и летови во зоните зафатени со војна, освен дополнителна проценка на ризик, која ја врши безбедносниот оддел на Ер Србија, заедно со техничкиот пилот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Иран: Блискиот Исток можеби никогаш повеќе нема…

Блискиот Исток можеби никогаш нема да види…

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…