Важно предупредување од УХМР: Попладне и вечер пороен дожд и грмежи
Денеска попладне, во вечерните и ноќните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, доцна попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде и во Скопје. Во делови од Скопската Котлина ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења.
Максималната температура во земјава ќе биде во интервал од 24 до 30 степени, а во главниот град температурата ќе достигне 28 степени.
– И во следните денови до сабота ќе продолжи периодот на нестабилно време. Претпладне ќе има сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови наместа со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град, соопшти УХМР.
Од недела ќе настапи постепено стабилизирање на времето со пораст на дневната температура, но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…