Вака се стабилизира Влада: Претседателот на огранокот на ДС во Струмица го купи Голдмак
Струмичкиот бизнисмен Столе Лазаров, сопственик на неколку фирми кои се занимаваат со преработка и трговија на метали, го купува некогашниот радовишки гигант „Голдмак“, фабрика за производство и рафинација на злато и сребро и инвестициски метали.
„Голдмак“ е во стечај од 2016 година, а претходно во ова компанија со свои инвестиции влезе странската фирма „Brodless“. Според информациите на локален струмички портал, Лазаров „Голдмак“ го купува за 1.300.000 евра.
Инаку, Столе Лазаров кој долги години со семејството се во трговијата со накит е и активен во политиката.
Тој е претседател на струмичкиот огранок на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, пренесува Струмицанет.
Инаку, лидерот на ДС Павле Трајанов неколку дена по ред најавува дека е неизвесно дали новата влада ќе ја добие поддршката од неговата партија.
-Со другите помали парламентарни партии ќе ја анализираме програмата на владата и ќе видиме каква стратегија ќе заземеме. Ќе испратиме писмо и до претседателот на Собранието да ја свика седницата за измени на Изборниот законик.
Да се отвори и јавна расправа.
Нашето барање е јасно да има една изборна единица, пропорционален изборен модел и без изборен праг. За изборниот праг може да разговараме.
Ќе видиме кои од програмските приоритети на помалите партии се вградени во владината програма и тоа може ќе влијае на одлуката за гласање на владата.
До сабота, кога е седницата, ќе имаме заеднички, усогласен став – изјави за Слободен печат претседателот на Демократски Сојуз Павле Трајанов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…
Именувани се в.д директори на Царинската управа…
Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…
Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…