Ваква клаузула не постои во ниту еден сериозен меѓународен договор! Мурати за неказнивоста и суспендирањето на македонското право од страна на Владата со британскиот кредит!

t

Партнерството со било која држава, па и со Обединетото Кралство, не значат подреденост на нашето право и подреденост на нашата држава, не смееме иако сме мали да бидеме подредени, вели пратеникот Сали Мурати од Европскиот Фронт.

Мурати, кој е поранешен уставен судија, истакна дека со овој договор се суспендира домашното законодавство и не може ваков договор да не произведува правни последици.

– Материјалите не беа доставени благовремено, а денес треба да одлучуваме за милијарди евра задолжување. Ова не е сериозен начин на работа за одлука од ваква важност. Морам да укажам на сериозни недостатоци на договорот.

Прво, финансиска неопределеност во договорот, ова е двостран договор, со обврски, тој не содржи ниту една конкретна цифра за каматните стапки, роковите, тука фалат битни елементи на договорот, роковите за отплата, не знаеме дали зборуваме за 2, 5 или 8% камата, не знаеме дали роковите се 10, 20или 30 години. Втората слабост е лимитот на кредитирањето, ограничување на пет милијарди фунти, проектот на брзата железница во соседните земји чинел повеќе од оваа сума и се прашувам дали овој лимит е реален за сите овие наведени проекти.

Најпроблематична по мене е правната несигурност, членот 6 од Договорот експлицитно вели не создава правни дејствија. Ова се права и обрвски на сите страни, исклучува арбитража, судски постапки и упатување на трети страни за решавање на споровите. Доколку британската страна не ги исполни сите обврски ние немаме правни механизми за заштита, можеме само дипломатски консултации да имаме. Ова создава правна асиметрија кадешто силната страна нема ограничување, а ние немаме заштита. За Бехтел договорот имаше арбитражни механизми, од ЕУ проектите имаат јасна правна заштита, ваква клаузула нема во ниту еден сериозен меѓународен договор. Вие се задолжувате во наше име и имате обврска да ни дадете отчет за граѓаните, со ова не предвидувате никаков надзор. Ние сега ќе гласаме и после ова немаме механизам да контролираме, вели Мурати.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професорот Трајковски детално пресмета: За камати 22…

*Објава на Фејсбук на професорот Дејан Трајковски…

Па нели Арапите ќе ги градеа? Мицкоски…

Владата планира да ги гради хидроелектраните Чебрен…

Србија доби кредит од 1,13 милијарди евра…

Српската влада го усвои предлог законот со…

Кумановец земал брз кредит за биткоини па…

Четириесет и петгодишен маж од Куманово бил…

Левица: Унгарскиот кредит се претвора во трошок…

Новиот договор на Владата со комерцијалните банки…